Заев: Убаво е кога дете со епилепсија станува нормално со употреба на канабис

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната седница на Собранието го изрази своето незадоволство од одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето дали со Мајк Штраумитис (Биг Мајк) договорал законски измени за Законот за одгледување и продажба на канабис во Северна Македонија со оглед на тоа што фамилијата Заеви е дел од бизнисот со марихуана.

Поставив пратеничко прашање до премиерот Заев кое гласи вака: Кон крајот на август сте оствариле средба со господинот Мајк Штраумитис познат како Биг Мајк, а пратеничко прашање беше дали дел од темите на разговор беа и можни законски измени за одгледување и продажба на канабис во Македонија, а добив одговор кој што навистина е општ, неконкретен и остава простор за сомнеж на што навистина се однесувала оваа средба на Зоран Заев со светскиот преварант Биг Мајк“, рече Милошоски.

На ова следеше одговор од премиерот Заев, кој потенцираше дека станува збор за вредна инвестиција, која придонесува за намалување на невработеноста, но ги истакна и бенефитите од канабисот.

Ништо тајно не работи Владата. Минипулација е да се зборува за дрога. Моето семејство има своја инвестиција во Свети Николе. Се вработува народ, а вредноста е поголема од 100 милиони евра. Пазарот на медицински канабис е 500 милиоони евра и се очекува да стигне над трилиони заради употреба на медицината. Убаво е кога ќе видите детенце со епилепсија веднаш станува нормално со употреба на канабис. Зборувавме за инвестиции“, рече Заев.