Заев убеден дека Груевски ќе биде вратен

Премиерот Зоран Заев во настапот на телевизијата Алсат-М во текот на гостувањето во мисијата „360 степени“ во петокот вечерта изрази убеденост дека неговиот претходник Никола Груевски, ќе биде вратен од Унгарија каде што побара политички азил и повторно побара одговор од унгарските власти дали поранешнниот премиер бил киднапиран,

Заев потсети на примерот со хрватскиот екс-премиер Иво Санадер, кој откако беше осуден во 2010 година заради корупција избега во Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти.

„Се’ што сум рекол така ќе биде. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен! Заради тоа што и меѓународната легислатива и законите се на наша страна. Ќе биде вратен! И Санадер избега па беше вратен“, рече Заев.

Зборувајќи за одговорноста на службите и фунцкионерите кои направиле пропусти коишто овозможиле Груевски наместо на отслужување на затворската казна пресудена во случајот „Тенк“ да излезе од државата, премиерот уште еднаш ја изведе тезата за наводна киднапираност на Груевски.

„Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се“ што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило“.  рече Заев.

 Спротивно на претпоставките и на лажните вести кои беа објавени во медиумите, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти му помогнале на Никола Груевски да ја напушти Македонија , се огласија и од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан по прес-конференцијата во петокот на којашто македонскиот прем Зоран Заев, меѓу другото јавно го праша Никола Груевски“, но и унгарските власти дали поранешниот премиер доброволно заминал во Унгарија или можеби бил киднапиран,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.