Заев удри по платата во јавниот сектор – сите ќе зимаат по 14.500 денари

Челникот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во неделата предложи мерки за справување со економската криза предизвикана од епидемијата на коронавирусот, кои вклучуваат државата да обезбеди минимална плата за секој вработен во приватните фирми погодени од кризата, како и минимална плата за сите вработени во јавниот сектор. Од предложените мерки се изземени медицинскиот персонал, полицајците и војниците.

 „За сите приватни фирми погодени од кризата Владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен – 14.500 денари минимална плата од декември минатата година и тоа за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плата како и персоналниот данок. Останува право на фирмата доколку може да даде и поголема плата од минималната за своите вработени“, објасни Заев.

 

 

Предложи ситее функционери и раководители да одат на минимална плата, како и сите избрани и именувани функционери, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директорим судии и обвинители ќе земаат минимална плата од 14.500 денари во месеците април и мај.

„Сите вработени во јавниот сектор одат на минимална плата. Оваа мерка не се однесува на медицински персонал, полицајци и војници и оние кои работат со нив во справување со коронавирусот“, кажа Заев, презентирајќи ги мерките кои владејачката СДСМ ќе ѝ ги предложи на Владата.

Најави и 7.000 денари месечно по домаќинство за невработени или вработени во неформална економија.

Заев најави сет економски мерки кои ќе бидат поднесени во Владата за нивно разгледување и усвојување. Истакна дека вработените во приватните фирми кои се погодени од кризата ќе добијат минимална плата за април и мај која ќе биде обезбедена од државата.