Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор и ќе разговараат за местенката

Премиерот Зоран Заев утре треба да се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, објави телевизијата 24 Вести.

Според владин функционер за телевизијата, состанокот бил договорен уште минатата недела, но тајмингот се поклопува со обајвувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко и генсекот на НАТО Столтенберг.

Се очекува овие случувања да бидат една од темите на утрешниот разговор.