Заев: Веќе нема да ни се обраќаат со „вашиот јазик“, туку со „македонски јазик“

Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандманот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историски контекст, рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.

-Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени, рече меѓу другото премиерот Заев.

Тој посочи дека Договорот со Грција оозможува почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик, најверојатно вели, заради грчкото лобирање.

-Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признаена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања, рече Заев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.