Заев веќе неможе да го скрие стравот од избори

Од друга страна, другите тројца лидери потписници на политичкиот договор, Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, упорно стојат на ставот дека изборите нема да се одложат и дека ќе се одржат на 24 април, како што е предвидено со последниот политички договор. Последниот став на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на изборите беше дека ако изборите не се одржат на 24 април, тогаш договорот е Пржино е загрозен.

Излезот од политичката криза, односно изборите кои треба да се одржат на 24 април е круната на Договорот од Пржино. Граѓаните на Македонија очекуваат Договорот да биде реализиран и земјата да продолжи да чекори по патот на реформите. Секој обид да биде загрозена крајната цел на договорот, изборите на 24 април, е загрозување на целокупниот договор – вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Котевски.

Експертската јавност веќе коментираше дека со барањата за одложување на изборите закажани за април, Заев всушност сака пролонгирање на кризата и продолжување на сценариото со кое се држи целата држава во заложништво, и покрај тоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите барања согласно договорот.