Заев вели дека до крајот на април ќе имаме повеќе од 300 илјади вакцини

На прашање за вакцините премиерот Заев најави дека до крајот на овој месец ќе пристигне поголемо количество на вакцини, со цел што побрза имунизација.

Заев рече дека ќе стигнат дози на руската вакцина „Спутник В“, и дополнителни вакцини како донација од соседна Србија, на што премиерот повторно се заблагодари за солидарноста и поддршката.