Заев вели дека нема закажано средба со Борисов

Премиерот Зоран Заев денеска изјави за ТВ 21 дека има закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

„Нема закажано средба меѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара“,  рече заев

За десетина дена треба да се одржи Советот на министрите на ЕУ, на кој на дневен ред повторно ќе биде прашањето за можност за официјален почеток на преговорите со Европската унија, откако Бугарија на состанокот на 17 ноември стави вето и остана на своите барања за воведување на неколку услови во преговарачката рамка.

Премиерот Заев по интервјуто за БГНес, кое предизвика реакции во јавноста, потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик.

„Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за историјата, за минатото и за корените“, рече Заев.

Повтори дека двете страни треба да направат се за да се дојде до решение со меѓусебно разбирање, со подавање рака, градење на пријателство да продолжи интеграцијата на целиот Балкан во ЕУ, заради тоа што тоа не е само наша аспирација и стратешка цел, тоа е аспирација и стратешка цел и на нашиот источен сосед, пријателска Република Бугарија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.