Заев ветуваше просечна плата од 500 евра, а сега тврди дека тоа веројатно ќе се остварело за неколку години

Заев вечерва директно ретерираше од изборните верувања и во вториот ден работен ден им соопшти на граѓаните дека дури за неколку години можеле да се очекуваат економските придвижувања.

На прашањето за тоа кога очекува да се оствари неговото ветување дека просечната плата ќе достигнела 500 евра, Заев изјави дека веројатно тоа ќе станело реалност некаде во 2019-та година.

– Тоа нема да се случи веднаш. Просечната плата од 500 евра веројатно ќе стане реалност во 2019 година. На ваквиот став на Заев реагираа уредниците, кои забележија дека лидерот на СДСМ сега ретерира од ветувањата.

Од вечерашното интервју на Заев се доби впечаток дека новиот премиер нема основни познавања за економијата, особено за странски инвестиции.

Јавноста е зачудена од површноста за концептот на СДИ, што претставува опасност од крах на целокупната економија.