Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка

„Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод извештајот на „Економист“ за степенот на демократија, според кој Македонија е рангирана на 78 место во друштво со Боливија, Сенегал, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија…

„Македонија со Владата на Заев и официјално е „хибриден режим” кој е „најкорумпиран” во Европа“, констатира Мицкоски и додава:

„Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим.

Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш.