Заев: Влегуваме во критична фаза од борбата со коронавирусот

Постепено нашата држава влегува во критична фаза која од стручните лица е оценета како најтежок и најсериозен период од пандемијата, пред нас е најголемиот предизвик во борбата со коронавирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на заразени, порача во вторникот лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Со седмици целата земја, како што се истакнува во соопштението, функционирана поинаков начин, во секојдневна борба против коронавирусот, во заедничка борба против „невидлив непријател“.

„Бројот на заболени, но за жал и на починати граѓани во целиот свет, зборуваат за сериозноста на оваа глобална пандемија и последиците од неа. Нашата држава реагираше навремено, презеде соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, како и за санирање на економските последици“ уверува Заев.

Според него, првичната реакција била многу важна за ублажување на ударот и здравствениот систем подготвено да одговори на предизвикот кој следува. Но, предупреди дека наредниот период ќе следува врвот на епидемијата.

„Затоа, потребна е многу голема лична одговорност, на секој од нас и максимална посветеност во заштита на нашето здравје, на здравјето на нашите најблиски, на нашите деца, родители, роднини, пријатели.
Донесени се нови, по заострени мерки од страна на Владата и исклучително е важно нивно целосно почитување. Само така секој човек, секој поединец, секој од нас ќе придонесе во заедничката борба“, вели Заев.

Апелира на целосно почитување на мерките и препораките, да го спречиме ширењето на вирусот. Притоа, Заев вели дека ја разбира загриженоста кај граѓаните, за здравјето но и за економијата, за своите работни места, за месечните приходи, но уверува дека владата водена од неговата паррија создала државата која ќе им помогне на граѓаните.

„Веќе се објавени пакети со сериозни економски мерки, државата спасува над 250 илјади работни места, им помагаме на работниците, на граѓаните, да им обезбедиме приход да ја пребродат кризата. Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен. Во овие тешки времиња обезбедивме првична поддршка од 200 милиони евра, им помагаме на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза. За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите. Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста“, тврди Заев.