Заев: Влегуваме во широка и обемна имунизација

19

Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој денеска е во Скопје во рамки на неговата балканска турнеја по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Станува збор за првите количини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер кои ЕУ ги обезбедува како помош за С Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“.

-Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан што ја координира Австрија пристигна првата испорака од 4.850 дози од вкупно 19.890 што се предвидени да бидат испорачани во месец мај. Дополнително денес добиавме и 4.850 дози набавени врз основа на директен договор склучен со овој производител со Фајзер. Со редовните месечни количини вкупните 119.213 фајзер вакцини од оваа програма ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини заедно со целата останата количина што веќе ја имаме во нашата земја, како и со сите останати договорени да пристигнат во нашата земја во наредниот период, па се до крајот на годината влегуваме почнувајќи од денеска во широка и обемна имунизација на севкупното население во земјата, рече Заев.

Тој очекува вкацинирањето да тече без престан, бидејќи обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и аперлираше до сите граѓани да се пријават на вакцинација.мк. за да добиете термин за вакцинирање.

-На овој начин со заинтересираност на населението се обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинацијата очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Се разбира овие охрабрувачки процеси не треба да влијаат, да попушти вниманието и претпазливоста. Паралелено со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита се додека епидемиолозите и ИЈЗ не донесат други препораки, посочи Заев.

Владата и МЗ, додаде тој, веќе го иницираа формирањето на дополнителни регионални вакцинални пункотви за масовна вакцинација против Ковид 19 во Битола Охрхид, Штип, Кавадарци,Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови, рече ќе бидат отворени и во Велес и Прилеп.

Во однос на солидарноста на ЕУ и земјите членки премиерот Заев потсети дека 9 милиони евра од ЕУ беа издвоени за асистенција на здравствениот сектор со коишто се обезбедија 25 респиратори, преку 35.000 единици специјализирана медицинска опрема и над 1,6 милиони парчиња опрема за лична заштита. Од програмата на ЕУ од фондовите на ЕУ беа издвоени, додаде, 40 милиои евра за поддршка на 2.500 микро и мали компании со што беа сочувани повеќе од 2.100 работни места. 24 милиони евра пристигна поддршка на програмите за економски раст и за намалување на младинскта невработеност за над 7.000 млади луѓе на кои им беа понудени програми за предквалификација за да бидат конкурентни на пазарот на трудот во оваа времена пандемија.

ЕУ, посочи Заев, обезбеди финансиска поддршка во висина од 160 милиони евра за макрофинансиска асистенција на буџетот кои беа лоцирани во различни мерки со економските пакети за поддршка на стопанството за справување со социоекономските последици од пандемијата со Ковоид 19.

-Пандемијата не соочи со големи предизвици, но денес донесе и нешто позитивно. Начинот на справување со заразата покажа дека споделуваме иста политичка култура и пракса и го истакна и високото ниво на социоекономската взаемна врска помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан кои имаат силна и непоколеблива намера еден ден да бидат рамноправни членки на ЕУ, порача Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.