Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

60

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Ваташа најави дека за десет дена ќе биде објавен тендер за изградба на патот Градско – Прилеп.

Ќе се избере, рече Заев, нова компанија која ќе ја продолжи делницата, проект што се реализира со Европската  банка за обнова и развој.

-Сето тоа што било направено со патот во минатото заради пусти провизии, доведе до катастрофални решенија. Патот беше прекинат бидејќи постојано се правеле анекси, не се водело сметка колку државата ќе плати, а оваа делница е аорта, најважна срцева артерија на целата земја, напомена Заев.

На новинарско прашање како ги коментара изјавите на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ околу затворање на германската фабрика „Дрекслмаер“ и проблемите околу изградбата на патот Градско – Прилеп, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата.

-Кавадарчани, Тиквешијата и сите се сведоци колку нашите противници се изгубени. Ние градиме сериозно, исправаме грешки, пакосни и криминални, бандитски, но верувам дека правиме само добро за нашата земја и така ќе продолжиме, додаде Заев, обвинувајќи ја опозицијата за лаги и негативна кампања.

Според него, најголемата фабрика во Република Северна Македонија која вработува повеќе од шест илјади луѓе и која во време на корона криза дава плати, најавила дека во август ќе го зголеми производството и ќе има нови вработувања

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.