7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Заев во Брисел: На потег е Европа да покаже дека стои на зборот

Премиерот Зоран Заев и владина делегација во Брисел во вторникот и среда ќе ги убедуваат челниците на Европската унија за поддршка на претстојниот Европски совет, а Заев попладнево одржа прес-конференција со челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

 „,Добивме и прецизни домашни задачи и ни беше речено: Испорачајте, и ние ќе – испорачаме! Времето го искористивме за да се подготвиме за преговорите за пристапување. Сега, на потег се државите членки и институциите на ЕУ. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот” , напиша премиерот Заев на Twitter по завршувањето на прес-конференцијата во Брисел.

Како што извести претходно владината прес-служба, Заев на средбите со претседателот на комисијата Јункер, со еврокомесарот Хан и со шефицата на европската дипломатија Федерија Могерини побарал поддршка, затоа што, како што рекол, „покажавме политичка зрелост и европски манири. Добивме домашна задача која ја исполнивме и сега Европа е на ред“.

Уверен дека Македонија заслужува почеток на преговорите е и Јункер. Претседателот на Европската комисија рече дека ќе стори сѐ, во тоа да ги убеди и земјите членки кои треба да пресечат за одлуката.  Еврокомесарот Хан гледа и пошироко и за него определувањето датум не е значајно само за Македонија, туку станува збор за стабилноста на Европа.

Конечната одлука за стартот на преговорите ќе го има Европскиот Совет. Дали земјите членки ќе постигнат консензус за доделувањето датум ќе биде познато на 18-ти јуни, за кога е закажан министерскиот совет на Европската Унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.