Заев: Во Буџетот ќе недостигаат 2,2 милијарди евра, сега сите мора да стиснеме заби

122

Подобро сите да стиснеме заби два месеца, со цел секој да може да има приход, отколку да се доведе во прашање генералната исплата на платите. Поради кризата, во буџетот на земјава се очекува приходите да се намалат за 60 отсто, што може да значи недостиг од 2,2 милијарди евра. Дури и државата да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари, вели во интервју за Фактор претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во интервјуто тој вели дека очекува Владата да ги прифати овие предлози, за кои нагласува дека се само првични и ќе следуваат и нови.

Зошто мерката не се однесува само на функционерите што имаат плати над 1.000 евра, туку беше неопходно да се опфати целата администрација?

Заев: Веќе споменав, мерката се однесува на сите во јавниот сектор, од премиерот, министрите, пратениците до сите избрани и именувани функционери на централно и локално ниво. Секако дека во оваа мерка влегуваат и оние вработени во администрацијата кои добиваат повисоки плати, но влегуваат и претседатели и членови на Совети на општините и претседателите и членовите на управните и надзорните одбори во институциите кои нема да добијат надоместок за месеците април и мај. Се кратат и трошоците за патувања, за набавка на мебел, автомобили…Важно е да се скрати секаде онаму кадешто може да се скрати за кризата да трае пократко, а негативните економски ефекти од неа да бидат што помали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.