Заев во кое својство оствари средба со бугарскиот премиер Петков во Истанбул, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Заев во кое својство оствари средба со бугарскиот премиер Петков во Истанбул?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што договараше зад затворени врати со оглед на тоа дека Владата на Македонија го држи целиот процес зад затворени врати. Дали премиерот во сенка Заев, се сретна со Петков, затоа што пиунот Ковачевски не си ја врши добро работата? Да потсетиме дека Ковачевски одбива национално единство во Македонија однос на прашањето со Бугарија, и се уште нема став за тоа дали ќе побара писмени гаранции за историјата, јазикот и идентитетот на Македонија, велат од партијата.