Заев: Во Македонија може да се живее подобро

Младите може да останат овде, граѓаните можат да имаат повеќе пари во џебот, а Македонија може да биде слободна, демократска и просперитетна држава. Промени се можни, промени ќе се случат. Промени за нов почеток на наша Македонија, рече претседателот на СДСМ пред жителите на Злетово.

Тој порача дека СДСМ нуди чесен пристап кон граѓаните и државата. 

„Средната класа значи годишен одмор, школување за децата и среќа за сите граѓани. Тоа ние го нудиме. Успех има онаму каде што има единствено слога и заедништво.  Сите ние, граѓаните, да се сложиме дека ни се потребни промени, и да се избориме за промени. Промени за нов почеток“, рече Заев.