Заев: Во петок ќе има лидерска, со или без ВМРО-ДПМНЕ, пописот ни е потребен

Премиерот Зоран Заев порача дека ќе има лидерската средба во петок во 14 часот, без разлика дали на неа ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Подготвен сум да разговарам за сите теми, тоа е обврска наша. Прво мора да се договориме за пописот и изборниот Законик, а би било добро да дојде и Мицковски. Пописот и треба на државата како леб. Има уште двајца лидери освен мене“, рече денеска Заев на прес конференција.

Заев додаде дека нема да исполнува желби за предвремени избори, иако е сигурен дека власта ќе победи.

За потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вчера на прес-конференција околу случајот „Рекет” кажа дека нема намера да оди на лидерска на која нема да се зборува за предвремени избори.