Заев: Во самоизолација сум во мојот дом во Струмица, немам симптоми

27

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирусот, се чувствува добро и го чека резултот од тестот кој му е направен денеска.

-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на неговиот фб профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.