Заев во спрега со мафијата ја направи ‘кокаинска Македонија’

86

Досегашниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, е во спрега со мафијата со што Македонија ја направи небезбедно место за живеење, обвини потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Имав една колумна и ја нареков државата ‘Кокаинска Македонија’ затоа што, за жал, во овие три години Македонија стана кокаинска земја од причина што има толку многу дрога и толку многу е достапна, а со тоа и цената е спуштена што само покажува една спрега меѓу власта и мафијата. Невозможно е во три години макар и по грешка некој цариник не запленил некое килограм кокаин, што значи дека и тоа што се запленувало подоцна се пушта да оди, го имаме и во Битола, го имаме и во Скопје, рече Николоски во интервју во емисијата Директно на ТВ Тера.

Опозицискиот политичар посочи дека симптоматично е што и кога под притисокот на јавноста полицијата ќе спроведе некога акција во сузбивањето на трговијата со наркотици, лицата за кои е јавна тајна и воопшто ниту самите сокриваат дека го диктираат овој криминал, претходно бегаат од земјата.

ои една спрега меѓу мафијата и државата, откако се создаде еден јавен притисок особено во Скопје за истраги затоа што почнаа улични пресметки и убиства, оние коишто целиот град ги знае дека се водачи на тие наркобанди ‘случајно“ ден или два пред да бидат направени претреси во нивните домови ја напуштиле Македонија, заминале во странство, што само говори дека постои спрега односно и самиот министер спомна дека има сериозни сознанија дека луѓе од криминалистичката полиција им јавувале на оние коишто треба да ги гонат, заклучи Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.