Во ВМРО-ДПМНЕ нема никава промена, тоа е истата режимска матрица на Груевски, порача вечерва Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Скопје.
-Ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски знае само за деструкции, за блокади, за одбрана на криминалци и секако лажни вести. Не може да ја рефомира сопствената партија, а не пак да донесе реформи и напредок во општините или државата. Ги слушаме деновиве што зборуваат, биле против Брисел и Вашингтон, против нашиот стратешки партнер и пријател, САД. Да бидеш против НАТО и ЕУ значи дека си против стратешкиот интерес на својата земја и против својот народ. Гледаат граѓаните и знаат се. Разликата помеѓу нас кои сме за напред и за нив кои се за назад е огромна – порача Заев.
Претседателот Заев посочи дека и како власт и како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните на Скопје.
-11 години ги малтретираа скопјани, го уништуваа зеленилото, насила го менуваа ликот на градот. Ете ги сега истите пак ги малтретираат скопјани и во опозиција. Неразумни блокади на сообраќајници. Зошто? За да ги исполнуваат хировите на Мицкоски да му го држат стравот од успехот на државата – заклучи Заев.