Заев за „бомбата“: После два саати во кафаена, се случуваат грешки

Последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја ебел“ била последица на долго седење во кафеана.

– После два саати и 17 минути во кафаена на слободен разговор, се случуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја – рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Заев додаде дека за ова веќе се извинил преку својот профил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.