14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Заев за Груби: На крајот ќе се види вистината по рашомонијадата од изјави

По изјавата на Артан Груби дека ветингот на ДУИ нема врска со „метлата” на Заев, се огласи и макдонскиот премиер.

Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки, изјави Заев.