Заев: За неколку дена ќе видиме дали може да разрешам функционери на ДУИ

Премиерот Зоран Заев ја коментираште во средата изјавата на пратеникот од коалицискиот партнер ДУО, Артан Груби, дека барањето за ветинг нема врска со најавената чистка на Владата и на други високи позиции, и рече дека на крај ќе се дознае вистината по оваа „рашомонијада од изјави“.

Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки, изјави Заев.

Прашан дали може да разреши функционери од ДУИ, премиерот одговори: „ Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“. Додаде дека кадровските промени сѐ уште не ги коментира.

Сите коалициони партнери имаат право да даваат свои коментари или не – изјави вечерва премиерот, Зоран Заев откако денеска пратеникот Артан Груби посочи дека ДУИ наместо „метла“ предлага ветинг на институционално ниво, но и формирање на регулаторно тело кое би го вршело ваквиот процес.

„На крајот ние сме партиципиенти во нешто што го крепи парламентарното мнозинство. Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена да видиме која е таа вистина за која зборуваме. Јас сум мандатар, тие можат да гласаат во парламентот или не кога ќе ги дадам предлозите за промени во Парламентот. Артан Груби е пратеник во Парлмаентот. Тој и неговата пратеничка група од ДУИ ќе се изјаснат за решенијата. Затоа имав средба со лидерот на нивната политичка партија, ДУИ , за да знаат навремено кои чекори ќе ги преземам, согласно тоа да си донесат одлуки, да се разговара во партијата и слично“, рече Заев.

Премиерот и натаму не ги открива имињата кои би можеле да бидат дел од таканаречената „метла“. Заев рече дека не сака да лицитира со имиња, одбивајќи да каже дали актуелниот министер за животна средина, Садула Дураку би застанал на чело на новото Министерство за политички систем. Овој, пак, претходно во средата одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го напушти сегашниот ресор и дали ќе биде опфатен во „метлата“ рече дека за тоа ќе одлучи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Треба да се сфати дека владата на оваа држава е коалициона. Секоја одлука која се носи мора да биде дел од одлуката на коалицијата. Сите одлуки се донесуваат во парламентот“, изјави Дураку.

Претходно во вторникот Заев во Владата се сретна со челникот на коалициските „инетгративци“, Али Ахмети, но во партиските соопштенија кои следуваа по разговрите конкретни имиња не беа посочени. Реконструкцијата во Владата беше тема на разговор меѓу Заев и Ахмети, по што од Владата испратија соопштение во кое информираа дека двајцата коалициски партнери се договориле да почне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“. Двајцата лидери се договориле и да почнат консултации во двете политички партии на чие чело се самите тие, по што разговорите ќе продолжат.