Заев за отстуството на инаугурацијата: Имам право на одмор

Отсуството на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната инаугурација на претседателот, Стево Пендаровски, падна во очи кај јавноста. На Заев му замерија што одлучил да користи слободни денови токму во период кога се случува толку важен државен настан. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се толкува како голем пропуст.

Тој се огласи во врска со ова и вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.

Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“.