Заев за реакцијата на Каракачанов: Доближувањето е можно преку размена на идеи, а не преку недолични пораки

Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, напиша во саботата вечерта на својот фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

Додава дека единствената разлика не е идентитетската, туку и таа во однос на различните погледи на светот.

„Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!“, нагласува Заев во својот пост.

Објавата на македонскиот премиер дојде откако изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за окалните медиуми даде изјава во која акцентираше дека „По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“.

Оваа квалификација Каракачанов ја даде по интервјуто на Заев од четвртокот за бугарската новинска агенција БГНес кое беше жестокот криктикувано за отстапки на максималистичките условувања од Софија кон Скопје за повлекување на нејзината блокада на полетокот на евроинтергативниот процес на Македонија.

Во изјавата Каракачанов ги повтори ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.