Заев за викенд си плива на Халкидики

Македонскиот премиер Зоран Заев приватно го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“, пренесува Независен весник. Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден вицепремиер со сопругата.

Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија.