Заев жали за Јанкиевски, но не може да му помогне, не сака да му се меша на судот

Премиерот Зоран Заев жали што поранешниот министер Миле Јанакиевски е во притвор но вели дека  лично нема да се меша во судските одлуки. Јанакиевски 11 дена штрајкува со глад во Шутка. Македонскиот премиер вели дека според него мерката притвор треба да се користи само како крајна мерка.

„Жалам што се користи притворот затоа што има други механизми на обезбедување на осомничено и обвинето лице. Немам намера да интервенирам, првиот момент кога ќе интервенирам сме уништиле се во државата“, вели Заев.

Заев рече дека имал одлична соработка со Јанакиевски во времето кога тој бил градоначалник на Струмица.

Веќе единаесетти ден по ред, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор  за новиот предмет на Јавното обвинителство во кој тој е еден од осомничените за злоупотреба при отуѓување на државно градежно земјиште.

Тој беше приведен од својот дом каде штоја издржуваше мерката куќен притвор за друго дело. Неговите адвокати излегоа со тврдење дека оваа одлука на судот е противзаконска зашто тој за потешкото дело „27 април“ добил поблага мерка на обезбедување, а за новиот случај добил притвор во Шутка.