Заев заминува од премиерската позиција за Нова година, избори во март в година

Зоран Заев се согласил на барањето на Христијан Мицкоски, 100 дена пред датумот одреден за вонредни парламентарни избори Македонија да има техничка влада, дознава НетПрес од извори на лидерската средба.

Според нашите информации, во игра е датум за вонредни парламентарни избори кон крајот на март, евентуално почетокот на април в година.