Заеви добивале тендери со поголема вредност отколку што тврди Зоран Заев

Фактите и документите покажуваат дека тендерите кои ги добивале членови од потесното семејство на Зоран Заев, се со далеку поголема вредност од таа што ја спомена Зоран Заев, објави информативниот портал „Курир“.

Заев во неделата гостуваше во Дневникот на МРТ, каде покрај другото говореше и за тендерите кои Општина Струмица и нејзините институции ги доделувале на фирми од семејството Заеви.

dok

„Еве вака, овие тендери се со вредност од 108.000, 84.000, 35.000 денари“, одговори Заев на поставеното новинарско прашање, Дали е етички и политички морално, Ваши блиски роднини, татко, брат, чичко, братучеди да ги добиваат тендерите во општина Струмица во време кога Вие раководите со општината.

dokument

Сепак, документите и фактите го покажуваат токму спротивното. Изминативе неколку месеци, македонската јавност имаше можност во неколку наврати подетално да ја види и дознае вистината.

pelagonija1

Низ медиумите се појавија документи од кои можеше да се забележи дека тендерите кои ги добивале членови од потесното семејство на Зоран Заев, се со далеку поголема вредност од таа што ја спомена Зоран Заев.

elenica1

Според документите кои се појавија во јавноста изминатиот период, фирмите чии сопственици се таткото и братучедот на Зоран Заев, Панче и Трајче Заев, во изминативе неколку години имаат добиено тендери со огромна вредност. Како пример ќе наброиме само неколку.

Фирмата Зови Промет на Панче Заев, во 2009 година има добиено тендер во вредност од 5.350.000 денари, во 2011 година на ист ден, фирмата исто така, има добиено два тендери во вкупна вредност од околу 15 милиони денари.

Фирмите АД Пелагонија и ИГМ Еленица, каде фигурира братучедот Трајче Заев, исто така има добивано тендери со далеку поголема вредност од таа што ја тврди Зоран Заев. АД Пелагонија во 2008 година има добиено тендер во вредност од 2.758.362 денари, додека пак во минатата 2012 година има добиено 1.977.550 денари. Ништо поразлична од овие две фирми, не е ниту фирмата ИГМ Еленица, која во период од една година, помеѓу 2008 и 2009, има добиено два тендери со вкупна вредност од околу два милиони денари.

Доколку се соберат средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од буџетото на општината со која раководи Зоран Заев во изминативе пет години, ќе добиеме огормна сума од околу 60 милиони денари.

elenicas Доколку се соберат средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од буџетото на општината со која раководи Зоран Заев во изминативе пет години, ќе добиеме огормна сума од околу 60 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.