Заеви имале план да го прикријат случајот „Рекет“?

Лидерот на владејачката СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев како и неговиот брат Вице Заев, треба јавно да ѝ кажат на македонската јавност што разговарале со осомничените во овој случајот „Рекет“, рече во средата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во текот на неговото гостување на телевизијата Канал 5  и прито во врска со споменатиот случај сподели ексклузивна информација.

Сакам да ги прашам дали имале мастер план за скривање на случајот ‘Рекет’ кој што го договарале Зоран Заев со Катица Јанева и Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец и со Боки 13 и дали тој мастер план требало да се реализира и дали тој мастер план е пореметен само заради објавувањето на снимките со торбата „Луј Витон“ во италјанскиот весник „Ла Верита“, рече Николоски.

Во продолжение Николски во своето гостување рече дека е јасно дека во текот на  август, пред да биде притворена Катица Јанева, оти  таа имала средба со Зоран Заев и дека Заев треба да одговори што разговарал со Јанева во текот на наведениот месец. Имено, како што образлоќи, доколку е вистина дека Заев го пријавил случајот „Рекет“ за што немаше никаков писмен доказ, тогаш што барал да се среќава со на во текот на август, ако самиот не бил на врвот на пирамидата односно самиот не ја координирал акцијата „Рекет“.

Исто така во кое својство неговиот брат како и семејниот адвокат се среќаваат со друг осомничен во случајот „Рекет“ во текот на месеците јуни и јули кога е јасно дека има афера „Рекет“ и кога истата е позната во јавноста. Сигурно не разговарале за временска прогноза или каков е денот, сигурно разговарале за тоа како да се скрие случајот „Рекет“ и мислам дека доколку не се објавеа оние снимки кои се објавија, тој мастер план кој што го развиле на тие состаноци ќе се реализирал, додаде Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.