Заеви се офајдиле 3.3 милиони евра од бизнисот со марихуана

Струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“ лани ја имаше наjдобрата година во последните четири години, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра  (50 отсто од вкупниот приход). Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис, пишува порталот Фактор.мк

Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“ се вика Жан Ангов и поседува 26 акции.

Од каде се парите?

Како што пишува Фактор.мк Минатата година е неспоредливо добра во однос на претходните три години за „Еленица“. Лани приходот од 5,16 милиони евра. Од структурата на приходи се гледа дека од „кор бизнисот“ се само 1,73 милиони евра и тоа е за околу 400.000 евра помалку во споредба во 2017 година. Лани „Еленица“ од останати приходи остварила 3,37 милиони евра. Тој приход е од продажба на фирмата која е лиценцирана за производство на масло од канабис во медицински цели. Според официјални податоци достапни во ревизорскиот извештај за „Еленица“ во текот на 2018 година Трајче Заев одлучил да продаде 45 отсто од уделите на „Еленица“ во МАМ и задржал 40 отсто сопственост врз управувачките права во таа фирма. „Еленица“ станала сопственик на тие 85 отсто од уделите во декември 2017 година, а малку повеќе од нив продала за неполна година и тоа за 3,3 милиони евра, пишува Фактор.

Извор: faktor.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.