Заевизмот на криминалната власт на СДСМ и ДУИ е најголемиот непријател на европската иднина и европските вредности

Веќе и на членството во СДСМ им е јасно дека Заев се однесува како сопственик на партијата, па назначува наследник – управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот. Расколот во СДСМ е нивна внатрепартиска работа. Најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на СДСМ и ДУИ се наголемите непријатели на евроинтеграциите и европската иднина на Македонија. Тие се олицетворение на целиот криминал, корупција, неодговорност, башибозлук и неспособност во државата. Ваквата власт на СДСМ и ДУИ ги осиромашува граѓаните, а за жал чини многу животи. Заради власта расте разочарувањето, апатијата и скептицизмот на народот кон членството во ЕУ. Се што фати криминалниот картел на СДСМ и ДУИ се криминализираше, а народот гледа ккао тоа поминува неказнето. Веќе народот нема верба во правната држава, еден од темелните европски вредности. Народот не гледа еднаквост пред законите, нема одговорност, нема судство, нема образовен систем, нема здравствен систем. Секој аспект од живеењето е урнисан од власта, секој европски принцип и вредност е погазен, истакнуваат од опоциската партија.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори, додаваат од таму.