Зафировски: Целосна ревитализација на салата ,,Партизан,, изградба на пет нови еколошки катни гаражи и нов мултифункционален пензионерски дом

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Оливер Зафировски, во гостување на Телевизија Сонце, истакна дека од капитални инвестиции предвидува нови 20,000 до 30,000 квадратни метри зеленила и целосно обновување на зелените површини низ целата општина.

Зафировски посочи дел од проектите за развој на Општина Карпош, а тоа се следните :

-Се обврзуваме за целосна ревитализација на салата ,,Партизан,,

-Се обврзуваме за изградба на 5 нови еколошки катни гаражи со што ќе се реши проблемот за паркирање на територија на Општина Карпош.

-Потребно е целосно обновување и изградба на нови зелени површини низ целата општина, исто така потребно е изградба на нов мултифункционален пензионерски дом.

-Се обврзуваме за доделување на стипендии на студентите кој што се едни од подобрите во гимназиите.

Еодаде дека потребни се нови велосипедски патеки, и токму затоа предвидува изградба на нови велосипедски патеки , т.н трим патеки од Долно Нерези до црвката „Свети Пантелејмон“.