Зафировски: Дали Заев и Филипче праќале луѓе да договараат провизии за изградба на Клинички и каде требало да завршат парите?

Има се повеќе информации дека блиски луѓе до Зоран Заев и Венко Филипче пред година ипол биле во една европска престолнина, каде се сретнале со претставник на фирма заинтересирана за изградба на Клиничкиот центар и разговарале за провизии, дали е тоа точно? Заев и Филипче да одговорат и да кажат, дали и кого пратиле да разговара за провизии при изградба на Клиничкиот центар за кој сакаат да потрошат половина милијарда евра народни пари? Заев и Филипче да кажат доколку ова е вистина, колку пари се барани и во чии џебови тие требало да завршат, изјави на денешната прес конференција за медиумите, Оливер Зафировски член на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека ова е дотолку посимптоматично ако се земе фактот дека идентичен Клинички центар во Белград, исто така со 1000 кревети, 20 операциони сали ќе чини 125 милиони евра, односно 400 милиони евра помалку.

„Што е поразлично во Македонија од Србија? Да, еден ист објект чини пет пати поскапо. Единствената разлика е во тоа што Македонија го има Заев за премиер и Венко Филипче за министер за здравство. Дополнително треба да се каже дека таквиот Клинички центар во Белград ќе опслужува околу 7 милиони жители, додека планираниот во Скопје само 2 милиони. Доколку Заев и Филипче сакаат Македонија да добие модерен Клинички центар, тие немаше да го раскинат договорот за градба на Клиничкиот центар Мајка Тереза, кој ќе значеше темелно реновирање на сите постоечките клиники и изградба на нови објекти за само 120 милиони евра, што беа обезбедени од Европска Банка, а имаше и проектна документација. Дополнително ќе го довршеа и Клиничкиот центар во Штип, кој веќе посочи години е карабина“, посочи Зафировски.

Тврди дека здравјето и здравствената инфраструктура не се приоритет, и затоа нема Клинички центар, и се ставаат на маса понуди со мегаломански суми кои треба да донесат профит за нечиј џеб.