Зафировски: Изградба на 2 нови паркови за домашни миленици во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денес промовираше проект за изградба на 2 нови парка за миленици во Карпош.

Во консултација со граѓаните, активистите и здруженијата за заштита на правата на животните тој понуди неколку идеи кои се дел од неговата програма:

-Системско решение за подигнување на свеста кај сите граѓани за односот кон животните
-заедничко организирање настани за љубители на миленици во општина Карпош
-акции за вдомување на миленици

Тој порача дека милениците се тие кои играат улога на социјални помагачи, позитивно влијаат на нашето психофизичко здравје, се користат како терапија за многу специфични болести, го намалуваат стресот, а пред сè даваат многу љубов. Токму затоа согласно барањата на граѓаните и здруженијата освен горе наброентие ке се преземат уште многу други и активности.