Загадениот воздух причина за 1.600 мртви годишно во Македонија

Промотивен видео запис со мотото „Ти имаш право на чист воздух, ќе преземеш ли нешто?“ изработија Екоактивистите – Движење за чист воздух и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Во видео записот се наведува дека годишно во Македонија како последица на заболувања од загадениот воздух умираат околу 1.600 лица. Понатака се објавува дека како последица на аерозагадувањето, секое второ дете во земјава страда од респираторни болести.

Извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), наведува дека во Македонија се дише најотровен воздух во Европа, и дека децата се оние кои најмногу страдаат.