10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Загадувањето во Куманово алармантно, а грејната сезона се уште не почнала

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.