Загина 45-годишен градежник од Богданци, паднал од скеле

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13.15 часот од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица, јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител, било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.