Загина маж во сообраќајка кај Босилово

Возач го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 21.50 часот на магистралниот пат Струмица — село Ново Село, поточно на влезот во село Босилово.

„Патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело. Во незгодата на местото на настанот починал М.Р“, информираат од полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.