Загина мотоциклист во радовишко, три лица повредени

Вчера во 16.15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш и патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Радовиш, при што мотоциклистот и подлегнал на повредите.

Сообраќјакта се случила на регионален пат Радовиш – планина Плачковица, на место викано „Еренџе“.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, каде им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле И.А. и сопатниците В.Ј.(28) и М.С.(25), кои биле пренесени на лекување во Медицински центар Штип. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Радовиш.