Загина нуркач кој носел боци со кислород за заробените деца

Поранешен припадник на тајландската воената елитна морнаричка единица СЕАЛ, Саман Кунан (38) кој поради богатото искуство бил ангажиран во акциите за спасување на 12 деца во пештерата Там Луанг, загинал вчера вечерта откако влегол во пештерата за да однесе резерви на кислород.
Тој загина откако влегол во пештерата да постави боци со кислород на потпоената рута по која децата би требало да пројдат на патот кон површината.

Условите во пештерата се многу тешки. Откако го оставил резервоарот со кислород, на враќање изгубил свест. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но не успеал да го спаси. Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму рекол командирот на СЕАЛ, Апакорн Јуконгкаев.

Инаку тајландските спасувачки тимови во четвртокот добија информации кои потенцијално го отвораат патот до помалку опасна опција за нивно извлекување, пробивање на вертикален премин кон пештерната комора во која се децата.

Имено, британскиот весник „Дејли мејл“ објави дека момчињата им рекле на спасувачите дека и покрај тоа што биле во утробата на комплексот, на длабочина од околу 800 метри чуле лаење на кучиња, кукурикање на петли и децата што играат, што дава надеж на алтернативен пристап кој тоа би можело да се прошири и така да се спаси заробена група.
Во прилог на идејата за постоење на пукнатини е фактот дека момчињата и нивниот тренер постојано, иако опкружени со вода, имаат влез на воздух.

Инаку, најавените монсунски дождови може многу да ги отежнат напорите на спасувачите да ги извлечат заробените деца од пештерата. Освен ова, лоша вест за нив е и тоа што медицинските прегледи покажале дека децата сè уште не се доволно силни за да се обидат да изнуркаат, објави Си-ен-ен. Поранешниот морнарички спасувач Кејд Куртли оценил во интервју за Си-ен-ен дека нуркањето треба да биде последна опција затоа што таквиот обид најверојатно ќе доведе до смртни случаи.