Загина олимпска и светска шампионка во нордиско скијање

Норвежанката Вибеке Скофтеруд(39), поранешна олимписка победничка и светски шампион во нордиско скијање била пронајдена мртва, вчера во близина на островот Света Елена во јужна Норвешка. Таа исчезнала ноќта меѓу саботата и неделата.
Според првичнте информации, се претпоставува дека таа починала во несреќа со моторни скии, но причините за смртта ќе бидат познати за неколку недели. Таа сама патувала по островот.

Се тресам, шокиран сум и скршена, напиша Мартиг Бјерген, поранешна колешка од норвешкиот национален тим со која освоија златен медал во штафетната трка 4х5 километри на Олимпијадата во Ванкувер во 2010 година.

Реагираа исто така и Норвешката скијачка асцоијација.

Добивме неверојатно тажна вест за смртта на нашата Вибеке. Беше неверојатен нордиски скијач и одлична личност. Ужасно ќе ни недостига, се вели во соопштението.

Скофтеруд го освои и светското злато во штафетата 4×4 kилометри во 2005 и 2011 година, како и еден сребрен и бронзен медал.