Загина пешак во Прилеп

Прилепчанец бил прегазен од автомобил, денеска во Прилеп, информираше Основното јавно обвинителство.

Денеска околу 11.30 часот се случи сообраќајна несреќа на улица Бидимаш во Прилеп, во која животот го загуби едно лице. Сообраќајната несреќа се случила откако патничко моторно возило марка „фолксваген голф“ управувано од 46- годишен жител на Прилеп удрил во пешак на возраст од 67 години, кој им подлегнал на повредите, велат од ОЈО.

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп изврши увид на лице место заедно со екипа од крим-техника од Министерството за внатрешни работи – Полициска станица Прилеп. Јавниот обвинител издаде наредба за обезбедување на траги и докази, наредби за вршење потребни анализи, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.​