Загина работник кој ги чистел прозорците на зградата на ФФМ

Попладнево околу 16 часот се случи тешка несреќа во која загина 56 годишен работник од Скопје. Според првичните информации загинал работник кој работел на зградата на ФФМ во Ново Лисиче.

Иако лекарите се обиделе да го реанимираат сепак била констатирана смрт кај работникот.

Според информациите, силен тресок ги вознемирил вработените во ФФМ кога кранот кој што припаѓал на надворешна фирма паднал накај паркингот и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги миел прозорците на објектот.

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.