Загина рускиот министер за вонредни ситуации

Рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, загинал во текот на тренажни вежби кај Норилск на Арктикот обидувајќи се да спаси човек, соопшти во средата министерството.

Министерството за вонредни ситуации во кусите изјави наведува дека министерот загинал спасувајќи нечиј живот, но не се изнесуваат други поединости.

Во извештајот се наведува дека министерот Зиничев „трагично го загуби животот во Норилск во текот ан меѓуресорските важби за заштита на арктичката зона, додека спасуваше живот на едно лице“, изјавиле од министерството за агенцијата ТАСС.

Зиничев прситигнал на локацијата Дудинка заедно со гувернерот на областа Краснојарск, Алесандр Ус, за да го проверат напредувањето на изградбата на новата противпожарна станица, пренесува агенцијата РИА.

„Двајцата заедно со операторот стоеле на работ. Операторот се лизна и падна во вода. Имаше многу очевидци но никој не успеа дури и да сфати што се случи, бидејќи Зиничев скокна во водата по човекот кој падна и се удри во испакнат камен. Загина како спасител. Почивај во мир“, напиша на каналот Telegram, главната уредничка на Россия сегодня, МАргарите Семонјан.