Загина тракторист

Тракторист загина вчера во Струмичко, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 19.10 часот во село Сушица, на место викано „Обрак“.

Тогаш К.М.(37) од село Ново Село, движејки се со трактор по некатегоризиран пат, изгубил контрола  и паднал во провалија. Од добиените повреди К.М. починал на местото на настанот.

Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.