Загина тракторист кај Две реки

Тракторист паднал во провалија на местото викано Две реки откако загубил контрола над возилото.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 49-годишниот Милче П. загинал на лице место откако тракторот вчера околу 15.30 часот му се превртел во близина на местото викано Две реки на локалниот пат меѓу селата Побожје и Бродец.

Според полицјата тој изгубил контрола на управување, излегол надвор од коловозот и се превртел во провалија.

Извршен е увид на местото на трагичната несреќа, а по наредба на јавен обвинител телото на покојниот е предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.