Загина тракторист на регионалниот пат Струга-Дебар

Тракторист загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, кога патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско, се судрило со трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.