Загина ученик во школски двор во Струмица (ФОТО)

Голема трагедија утрово ја потресе Струмица, откако дете загина во школски двор во средно училиште.

Според неофицијални информации, ученик од трета година се качил на конструкцијата на кошот во школскиот двор, при што паднал и починал.